Ѓани го откажа настапот во Битола

Српскиот фолк-пејач Радиша Трајковиќ Ѓани го откажа вечерашниот настап во Битола поради ненадејно влошување на здравствената состојба.

Како што соопшти самиот пејач, додека патувал кон Македонија му се слошило, поради што бил принуден да се врати дома за да ја прими неопходната терапија.

Ѓани им се обрати на своите обожаватели преку видео-порака, во која изрази жалење што нема да може да настапи и им се извини на сите кои планирале да присуствуваат на концертот.

„Моја фамилијо, се извинувам што вечерва нема да дојдам во Битола. Тргнав на пат, но навистина ми се слоши поради здравствени проблеми. Се надевам дека ќе се видиме во некоја друга прилика. Ве сака вашиот Ѓанко. Уште еднаш извинете“, порача пејачот.

Засега не се соопштени дополнителни информации за неговата здравствена состојба, ниту дали настапот ќе биде презакажан.

Претходна вестУХМР најави невреме во Македонија – еве кога и каде
Следна вестТрактор излетал од патот, загина возачот