Шокантно ниска температура утрово во Македонија – еве колку степени е надвор во моментов

Скопје утрово се разбуди со значително посвежо време, откако температурата во раните утрински часови се спушти на само 14 степени Целзиусови, што е речиси 20 степени пониско во споредба со екстремно топлите денови кога живата во термометрите се искачуваше над 35 степени.

По долг период на жештини и тропски ноќи, граѓаните конечно дочекаа свежо утро, а многумина коментираат дека по долго време можеле да ги отворат прозорците и да уживаат во пријатниот воздух.

Според прогнозата, денеска максималната дневна температура во Скопје ќе достигне околу 21 степен, додека минималната беше 11 степени, што претставува драстична промена на временските услови.

Метеоролозите најавуваат дека освежувањето ќе се задржи и во наредниот период, со температури значително пониски од оние што ја зафатија Македонија во изминатите денови.

Претходна вестИзречена пресудата за убиството на Никола Тимев во Дојран – еве колку години затвор доби убиецот