Тешка несреќа – младо момче итно пренесено во болница

Деветнаесетгодишен мотоциклист од Охрид се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во населбата Велгошти.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 22 јули во 23:10 часот на улицата „Живко Чинго“, каде што се судриле патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А. од Охрид, и мотоцикл „педа“ со охридски регистарски ознаки, кој го управувал С.В. (19) од Охрид.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Охрид.

Претходна вестБомба вест: Орце Ѓорѓиевски само што потврди – 100 автобуси пристигаат како засилување за ЈСП
Следна вестИзречена пресудата за убиството на Никола Тимев во Дојран – еве колку години затвор доби убиецот