На 44-годишна возраст почина Генц Арслани, долгогодишен полициски старешина и припадник на полициската служба, кој повеќе од две децении професионално им служеше на граѓаните.
Арслани, роден на 3 ноември 1982 година, беше дел од првата генерација полицајци примени во полициската служба во 2002 година. На 1 февруари истата година започна со работа во Полициската станица Кичево, каде што со посветеност, одговорност и професионален однос ја градеше својата кариера.
Во текот на своето службување, на 25 април 2022 година беше назначен за командир на Одделението за патен сообраќај при Полициската станица Кичево, функција која ја извршуваше со посветеност и професионалност.
Веста за неговата смрт предизвика голема тага кај семејството, пријателите, колегите и сите кои го познаваа.
Зад себе ги остава сопругата и двете деца – синот Ерион и ќерката Ериона.
Последното испраќање на Генц Арслани ќе се одржи денес, 9 јули 2026 година, во 18:00 часот, на Новите градски гробишта во Кичево.




