На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како обилниот дожд се слева низ улиците и скалите, носејќи големи количини вода.
За кратко време, делови од градот биле поплавени, а во близина на угостителски објекти и шеталишта водата се слевала како река.
Невремето предизвикало загриженост кај граѓаните и туристите, особено поради интензитетот на врнежите и брзината со која водата се собирала на јавните површини.
На една од снимките се гледа како вода тече низ скали, додека на друга локација дел од просторот покрај езерскиот брег е под вода.
Засега нема официјални информации за евентуална материјална штета или повредени лица.
Надлежните служби се очекува да излезат на терен и да ја следат состојбата, особено доколку врнежите продолжат и во наредните часови.
Снимките се од Охрид и Струга.




