Оваа општина доделува по 3.000 денари за секое прваче

230

Општина Гази Баба и оваа година ја продолжува мерката за доделување на финансиска помош од 3.000 денари за секое семејство кое ќе има запишано прваче.

„Како локална самоуправа доделуваме директна финансиска помош со што даваме поддршка на семејствата со прваче. Оваа мерка во учебната 2022/2023 година ја реализиравме за прв пат и истата е исполнето ветување од мојата програма за градоначалник на општина Гази Баба.

Ги повикувам сите семејства од територија на општина Гази Баба кои имаат првоодделенче да ја искористат можноста и да поднесат барање за исплата до општината“, објави градоначалникот Бобан Стефковски.

Потребни документи: Потврда од основно училиште за запишан ученик; Извод од матична книга на родени; Копија од лична карта на еден од родителите; Копија од трансакциска сметка

Претходна вестВо моментот големо невреме во Македонија
Следна вестЈуни носи голем финансиски пресврт – доаѓаат пари за овие два хороскопски знаци