Жена се удави на плажата „Олимписка надеж“

1222

На плажата „Олимписка надеж“ во Несебар, Бугарија, се случи трагичен инцидент во кој жена го загуби животот откако се удави во морето, соопштија надлежните власти.

Според првичните информации, пријавата за можно давење е примена во недела околу 20:30 часот. Веднаш по дојавата, службите за итни интервенции излегле на терен и телото на жената набрзо било извлечено од водата.

Идентитетот на починатата засега не е познат, а полицијата работи на нејзино идентификување и на утврдување на сите околности поврзани со несреќата.

Прелиминарниот преглед на телото не покажал видливи траги на насилство, поради што се претпоставува дека станува збор за несреќен случај.

На брегот биле пронајдени нејзините лични предмети, меѓу кои торба за плажа, летна облека и апостолки, кои се земени за понатамошна истрага.

Телото е пренесено во Бургас, каде ќе биде извршена обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта.

Претходна вестАвтобусот на смртта го покоси целото семејство Дончеви: Тргнале на свадба, нивните животи згаснаа во страшна сообраќајка
Следна вестУХМР објави мапа: Невреме во делови од Македонија – еве во кој правец се движи