Автобусот на смртта го покоси целото семејство Дончеви: Тргнале на свадба, нивните животи згаснаа во страшна сообраќајка

2786

Тргнале на семејна прослава и отидоа во смрт.

Четиричленото семејство Дончев од Масачусетс загина во ужасен верижен судир на автопат во Вирџинија, кога нивниот автомобил беше удрен од автобус чиј возач, со полна брзина, дури и не се обидел да забави.

Дмитриј Дончев (45), неговата сопруга Екатерина (44), ќерката Емили (14) и седумгодишниот син Марк починале на лице место во петокот во 2:35 часот наутро.

Семејството било на пат кон Јужна Каролина за свадба, а нивниот автомобил бил полн со домашни колачи што Екатерина со денови внимателно ги подготвувала за прославата.

Страшната несреќа на автопатот I-95 се случила кога патничкиот автобус на компанијата „E&P Travel“ не забавил поради работи на патот, туку со сета сила удрил во џип (во кој загина 25-годишната Присила Мафалда), кој потоа се удрил во автомобилот во кој биле Дончеви.

Според полицијата, по страшниот судир, автомобилот на несреќното семејство се запалил.

Претходна вестТажна вест: Почина познатиот македонски лекар Петков