Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на тешките повреди здобиени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата е пријавена во 22:21 часот на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“, каде учествувале патничко возило „Ауди А4“, мотоцикл „БМВ“ и мотоцикл „Хонда ХДВ“.
Според МВР, автомобилот го управувал 31-годишен маж од Визбегово, додека мотоциклите биле управувани од 19-годишен и 21-годишен скопјанец.
Најтешко повреден бил 19-годишниот мотоциклист, кој бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но подоцна им подлегнал на повредите.
По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот е лишен од слобода, а истрагата за причините и околностите на несреќата е во тек.
Видеото може да го погледнете на Скопје1 – клик ТУКА.




