Ужас ја потресе Македонија: Судир меѓу автомобил и тротинет, загина 13-годишно дете

5425

На регионалниот пат Куманово – Скопје синоќа се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубило 13-годишно дете, кое управувало електричен тротинет.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 28.05.2026 година околу 21:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека во селото Черкези, кумановско, дошло до судир помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки и електричен тротинет.

Возилото било управувано од 24-годишниот Ф.С. од Куманово, додека електричниот тротинет бил управуван од 13-годишно дете од селото Черкези. Засега не се објавени дополнителни детали за околностите под кои дошло до несреќата, а надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот.

По силниот судир, малолетникот бил итно пренесен во Општата болница во Куманово, каде лекарите констатирале смрт. И покрај интервенцијата на медицинските екипи, повредите се покажале како фатални.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по несреќата биле преземени мерки и активности на лице место од страна на полициски службеници, а возачот на автомобилот во 21:20 часот бил лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка.

Полицијата најавува дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додека истрагата треба да ги утврди сите околности што довеле до оваа трагедија.

Претходна вестНов силен земјотрес го вознмири регионот