УЈП со важна информација за сите што скенираат фискални сметки

6974

Управата за јавни приходи информира дека за користење на апликацијата „МојДДВ“ граѓаните мора успешно да се регистрираат и да добијат одобрување во системот е-Даночни услуги.

Според информациите објавени од УЈП, без успешна регистрација и одобрен профил, апликацијата „МојДДВ“ не може да се користи.

Од институцијата посочуваат дека доколку профилот сè уште не е одобрен, лицето треба лично да се упати во најблиската организациона единица на УЈП со документ за идентификација, со цел да се изврши одобрување на профилот.

„Одобрен профил е клучот за користење на сите придобивки од апликацијата МојДДВ“, наведуваат од УЈП.

Апликацијата „МојДДВ“ им овозможува на граѓаните да скенираат фискални сметки и да остварат поврат на дел од платениот ДДВ.

Претходна вестАвтобус со ученици излетал од патот во Хрватска, има повредени
Следна вестЕдинствениот вработен пилот за гаснење пожари си замина од Македонија