Нема мирно да спијат: Двајца директори добија кривични пријави

945

По денешниот брифинг на обвинителството за серискиот убиец од Куманово, кој е осомничен дека убил четири жени, а две се обидел да убие, и МВР излегоа со соопштение.

-СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. (26) од село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, за сторено кривично дело „убиство” поради основи на сомневање дека ги убил Ј.А. од село Драгоманце и С.К. од село Клечовце, како и поради сомневање за сторено кривично дело „обид за убиство“ врз С.А. и Р.Т..

По извршени проверки и ексхумација на телата на Ј.А. и С.К., утврдено е дека лицата починале од насилна смрт. Врз основа и на други сознанија и докази, било утврдено дека тој ги убил двете жени и во координација со ОЈО, против него е поднесена кривична пријава. Претходно, СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. за убиство и на М.С. и М.М., а по предлог на јавниот обвинител, од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор, велат од МВР.

Од МВР додаваат и дека СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе и кривична пријава за сторено кривично дело „несовесно вршење на службата“ против мртвопроверителите М.С. и Д.Д. од „Општа болница“- Куманово.

Оваа е за лекарите кои не утврдиле насилна смрт кај две од жртвите, кои потоа биле погребани како да починале од природна смрт.

Претходна вестАјнет е 31-годишната жена која беше у6иена со нож од сопругот
Следна вестНови шокантни детали за убиството кое ја потресе Македонија