Тешка сообраќајна несреќа – има повеќе повредени

1145

На 07.05.2026 година, во 08:20 часот, во ОВР Неготино е пријавена сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Неготино – Демир Капија.

Во несреќата учествувале патничко возило „даеву тико“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 74-годишниот Д.М. од Неготино, и патничко возило „рено“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Ј.Т. од Неготино.

Од несреќата, возачот на „даеву тико“ се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кавадарци.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Неготино, која работи на утврдување на причините за несреќата.

Претходна вестСподелени важни информации: Позната е причината поради која Сотир Лукровски не оди на работа