ТАЖНА ВЕСT: Замина премногу млада, почина познатата пејачка

1647

Пејачката Марија Миленковиќ од „Баракуда бенд“ почина во 48. година од животот, објавија српските медиуми.

Марија почина при крајот на април оставајќи го зад себе ужаленото семејство и нејзините две деца.

Нејзиниот погреб беше одржан на 28 април во Врњачка Бања, а од неа се збогуваа бројни колеги од соседството.

„Марија, остануваш во сеќавањата како глас, насмевка и добрина што не се заборава. Нека ти е лесна земјата, а на оние што те сакаа нека им остане утеха што те имаа. Збогум Марија“, пишува на Фејсбук страницата каде што пријателите и колегите се збогуваат од пејачката.

Инаку, Марија беше дел од бендот Баракуда, а со Славко Бањац го има снимено хитот „Ангели во свила“.

„Песната ‘Ангели во свила’ беше тука некаде. Марија и јас ја зграбивме и сега сме во цврста прегратка со нашите ангели“, изјави своевремено Славко за „Гранд“, а Марија тогаш го додаде и следново.

„Ова е пригода што долго време се чека. Горда сум на оваа соработка, ова сум вистинската јас“, изјави тогаш Марија.

Претходна вестТрагедија во Македонија: Едно лице загина по пад од четврти спрат
Следна вестОваа група пензионери во шок: Се зголемува старосната граница за пензионирање