Полицијата на нозе: Исчезна 16 годишно девојче во Македонија!
Во изминатите два дена, во Србија исчезнаа две малолетни лица, за кои се отворија потраги. Доцна вечерва од соседните медиуми беше споделена информацијата дека се најдени и се во добра здравствена состојба.
Лоша вест и во Македонија. Исчезна девојче, не е познато каде отишла и случајот е пријавен во полиција.
Од МВР информираат дека ноќеска исчезнало 16-годишно девојче во Охрид.
-Ноќеска во 02:30 часот, Ѓ.Ј. од охридско село, во СВР Охрид пријави дека на 30.04.2026 година, од семејниот дом се оддалечила неговата 16- годишна ќерка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.




