Вчера (1.05.2026) во 14:15 часот, во ОВР Гостивар од болницата во Гостивар, било пријавено дека кај нив е донесено повредено лице по пад од возило.
„По извршените проверки утврдено е дека се работи за Е.К.(27) од Гостивар. Имено тој, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки и
без возачка дозвола на шумски пат помеѓу селата Речане и Дуф, изгубил контрола и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди.“, соопшти СВР Тетово.
Известен бил јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.




