Поп-пејачот Влатко Лозаноски – Лозано ги загрижи своите фанови откако на социјалните мрежи сподели фотографија од повредената нога, покрај која се гледаат и патерици.
Според објавата, повредата ја добил додека играл фудбал, поради што во наредниот период ќе мора да мирува и да се посвети на закрепнување.
„Моите нови пријателчиња за следниве неколку месеци“, напиша Лозано покрај фотографијата, алудирајќи на патериците што ќе ги користи во периодот што следува.
Еден ден подоцна, пејачот повторно се огласи на Instagram, овојпат со фотографија од домашна атмосфера. На неа се гледа како одмара во кревет, со повредената нога во фокус, додека друштво му прави неговиот домашен миленик.
Фановите веднаш реагираа со бројни пораки за поддршка и желби за брзо закрепнување.
Иако повредата ќе го оддалечи од дел од секојдневните активности, Лозано очигледно има силна поддршка додека трае периодот на опоравување.




