Ужас ја потресе цела Македонија: Загина 19-годишник откако во него удри автобус

765

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи во петокот наутро во Прилеп, на улицата „Леце Котевски“, на излезот кон Крушево.

Според информациите од МВР, околу 06:15 часот автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од 62-годишен возач, удрил во мотоцикл марка „Хонда“ без регистарски ознаки, кој го управувал 19-годишник од селото Големо Коњари.

По несреќата, мотоциклистот бил пренесен во Градската болница во Прилеп, каде лекарите констатирале смрт.

Екипа на ОВР Прилеп извршила увид на местото на настанот, а причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.

Претходна вестОвие три знаци ќе пливаат во пари уште во првата поливина на мај