Македонија масовно реагира – исчезнат е Горан Ременски, секоја информација е важна

562

Македонија масовно реагира – исчезнат е Горан Ременски, секоја информација е важна

Семејство од Валандово бара помош од јавноста за пронаоѓање на нивниот исчезнат роднина Горан Ременски, кој се води како исчезнат од саботата наутро.

Според нивните информации, Ременски го напуштил домот на 25 април околу 05:30 часот. Последен пат бил забележан околу 06:00 часот кај бензинската станица „GAMA OIL“, движејќи се во правец кон Струмица.

Во моментот на исчезнувањето бил облечен во црно дебело палто, темно тегет фармерки и црни патики. Семејството посочува дека не носел телефон ниту лични документи, што дополнително ја отежнува потрагата.

Апелираат до сите граѓани кои имаат било каква информација да се јават на телефонскиот број 075 245 187, нагласувајќи дека секоја информација може да биде клучна за негово пронаоѓање.

Претходна вестСтраотна несреќа го потресе регионот: Мотоциклист падна од надвозник, загина на лице место
Следна вестУжасна сообраќајна несреќа со смртни последици во Македонија