Денеска повторно е регистрирана сообраќајна несреќа во Скопје, овојпат на булеварот Партизански одреди, во која учествувал велосипедист.
Според информации објавени на социјалните мрежи, на местото на настанот имало присуство на граѓани, додека велосипедистот лежел на коловозот. Засега нема официјални детали за неговата здравствена состојба, ниту за причините кои довеле до несреќата.

Булеварот „Партизански одреди“ важи за една од најфреквентните сообраќајници во главниот град, каде често се движат и велосипедисти.
Надлежните институции се очекува да излезат со повеќе информации во текот на денот.

Се апелира до возачите на зголемена внимателност, особено на делниците со поголема фреквенција на велосипедисти.




