Се појавија нови детали за смртта на 29-годишната девојка: Веста ја потресе Македонија

1824

Се појавија нови детали за смртта на 29-годишната девојка: Веста ја потресе Македонија

Девојка (29) од Битола починала откако била донесена во Општата болница во Гостивар со влошена здравствена состојба.

Од СВР Тетово информираат дека случајот бил пријавен вчера околу 7 часот, кога од болницата известиле дека кај нив била примена Р.М.(29), која набргу по приемот починала.

Смртта ја констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција во Судска медицина.

Се очекуваат дополнителни информации по завршување на обдукцијата, која треба да ги утврди причините за смртта.

Претходна вестБеше осуден за убиството на Вања и Панче – сега е во тешка здравствена состојба
Следна вестДраматична промена на цената на нафтата