Драматичен пресврт: Падна цената на нафтата

3517

На пазарите дојде до пресврт откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Иран имале „многу добри и продуктивни разговори за целосно решавање на непријателствата на Блискиот Исток“.

Цената на нафтата Брент падна за 13 проценти на околу 96 долари за барел. Индексот FTSE 100 сега е во пораст за 0,5 проценти, откако претходно беше во пад од повеќе од 2 проценти.

Eвропските берзи ја отворија новата недела во минус, бидејќи ескалацијата на војната на Блискиот Исток дополнително го влоши расположението на инвеститорите, откако американскиот претседател Доналд Трамп постави рок од 48 часа за Техеран целосно да го отвори Ормутскиот теснец.

Иран возврати со нови закани, велејќи дека може да возврати со напади врз енергетската инфраструктура и постројките за десалинизација во Персискиот Залив. Цената на златото падна на 4.224,96 долари за тројанска унца, а цената на пченицата се искачи на 6,0555 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,15367 долари, што е за 0,31 процент помалку отколку на почетокот на тргувањето.

Според податоците од американските берзи, вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна за 0,96 проценти на 45.577,47 поени, S&P 500 за 1,51 процент на 6.506,48 поени, а вредноста на индексот Насдак за 2,01 процент на 21.647,61 поени.

Претходна вестВо Колумбија се урна авион производен во САД – во него имало 110 војници
Следна вестНа возач му се слошило додека возел – тој починал, сопатничката тешко повредена