Што се случува со Скопје: Две лица починати – однесени на обдукција

Две лица се пронајдени починати во одделни случаи на подрачјето на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првиот случај бил пријавен на 21 март околу 14:35 часот, кога од Итната медицинска помош било известено дека во семеен дом во општина Центар е пронајден починат 64-годишен маж.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Само околу 45 минути подоцна, во 15:20 часот, бил пријавен втор случај – во двор од семејна куќа во Скопје било пронајдено телото на 84-годишна жена.

И во овој случај лекар констатирал смрт, а телото е испратено на обдукција по налог на обвинител.

Од надлежните институции велат дека се преземаат мерки за утврдување на сите околности поврзани со двата настани.

Претходна вестДизелот ќе надмине 100 денари – познати кои ќе бидат новите цени, се огласија и од Владата
Следна вестДолги години беше во политиката, почина поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ