Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати силни предупредувања кон шиитското движење Хезболах, истакнувајќи дека Израел, во соработка со САД, ги зацврстува своите позиции на Блискиот Исток и нема да толерира агресија.
„Го дробиме терористичкиот режим во Иран. Ги удираме и ги поразуваме неговите сојузници – Хезболах во Либан“, изјави Нетанјаху на онлајн прес-конференција со израелските новинари, пренесе Тајмс оф Израел.
„Хезболах ја чувствува силата на нашата рака, а ќе ја почувствува уште повеќе. Ќе плати многу тешка цена за својата агресија“, предупреди премиерот.
„Преку невидено обединување на силите меѓу Израел и Соединетите Американски Држави, постигнавме огромни достигнувања – достигнувања кои го менуваат балансот на моќта на Блискиот Исток, па дури и надвор од него“, додаде Нетанјаху.




