Пукање се случило рано утринава во близина на американскиот конзулат во Торонто, Канада, по што канадската полиција започна истрага за инцидентот. Според првичните информации, непознати лица испукале повеќе куршуми кон дипломатската зграда, но нема повредени.
Според полицијата, инцидентот се случил во раните утрински часови, кога две лица пристигнале со возило пред објектот, излегле и испукале неколку куршуми кон зградата, по што избегале од местото на настанот.
Зградата на конзулатот е силно обезбедена, па куршумите не предизвикале сериозни оштетувања и никој од вработените не бил повреден.
Канадските власти го третираат случајот како инцидент поврзан со националната безбедност, а во истрагата се вклучени и федералните служби. Во моментов се трага по осомничените и се анализираат можните мотиви за нападот.
По пукањето, безбедносните мерки се засилени околу американските и израелските дипломатски објекти во Торонто и Отава.




