Голем пресврт доцна вечерва: Цената на нафтата драстично падна

27328

Вистински пресврт, ретко кој очекуваше. Доцна вечерва, нов шок на пазарот, овојпат цените на нафтата паѓаат и тоа драстично.

Но, познавачите пак велат дека тоа се очекувало, особено по важниот состанок на Г7.

Цените на нафтата денес попладне паднаа за 10 отсто, на под 90 долари за барел, откако на отворањето скокнаа за 20 отсто.

Главната причина за тоа е што министрите за финансии на седумте најразвиени земји соопштија дека G7 е подготвена да ослободи нафта од стратешките резерви доколку биде потребно, пренесува Trading Economics.

Така, нафтата Brent crude oil сега се движи околу 89,5 долари за барел, додека американската сурова нафта West Texas Intermediate (WTI) се движи околу 86 долари за барел.

Претходна вестТрамп со изјава која ги изненади буквално сите: Војната е при крај
Следна вестТрамп со најопасната закана до сега: Трпението помина – ако Иран направи ваков проблем, ќе си поминат многу лошо