Трамп со изјава која ги изненади буквално сите: Војната е при крај

7369

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделник изјави дека војната против Иран би можела наскоро да заврши.

Во разговор со новинар на Си-Би-Ес њуз, Трамп посочил дека конфликтот е блиску до крај.

„Мислам дека војната е речиси целосно готова“, изјавил Трамп, според информациите на дописничката од Белата куќа, Веиџија Џијанг.

Тој додал дека Иран во моментов е значително ослабен.

„Тие немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздухопловни сили“, рекол Трамп.

Според неговите зборови, САД се „пред распоред“ во однос на првичната проценка дека војната би можела да трае четири до пет недели.

Претходна вестТешка сообраќајна несреќа меѓу 3 возила – има повредени
Следна вестГолем пресврт доцна вечерва: Цената на нафтата драстично падна