Втор земјотрес на 8-ми март во Македонија: Вечерва тлото повторно се тресеше

3696

Откако утринава имаше земјотрес во Грција, кој значително се осети и во западниот дел од државата, вечерва повторно тлото се тресеше.

Овојпат во средишниот дел од Македонија.

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4.0 степени вечерва во 22:17 часот беше почувствуван во западните делови на државата, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците со кои располага опсерваторијата, епицентарот на земјотресот потекнува од територијата на Република Грција, на околу 200 километри југозападно од Скопје.

Интензитетот на потресот во земјава изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека бил почувствуван од дел од населението, без пријавени материјални штети.

Претходна вестОва се мајката Марина (49) и ќерката Валентина (25) кои загинаа денеска во страотна сообраќајна несреќа
Следна вестЦрните прогнози се остварија: Понеделник наутро – цените на нафтата скокнаа премногу