Нова шокантна вест: По неколку ОПАСНИ изјави – наглао скокна цената на нафтата

7984

Цените на нафтата повторно бележат нагло зголемување на светските берзи, откако ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток сериозно ги наруши глобалните енергетски текови.

Цената на суровата нафта Брент порасна за повеќе од седум проценти и достигна околу 91 долар за барел, што е највисоко ниво од април 2024 година. Во исто време, американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) скокна за повеќе од 10 проценти и се искачи на околу 89 долари за барел, покажуваат податоците на „Трејдинг Економикс“.

Министерот за енергетика на Катар, Саад ал-Каби, предупреди дека извозниците од земјите од Персискиот Залив би можеле да го запрат производството во рок од неколку дена доколку танкерите не можат безбедно да поминуваат низ Ормутскиот теснец.

Ормутскиот теснец претставува една од најважните енергетски рути во светот, преку која секојдневно се транспортираат околу 20 милиони барели нафта и нафтени деривати.

Во меѓувреме, тензиите во регионот остануваат високи откако иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Иран не бара преговори.

САД сигнализираа можни мерки за намалување на притисокот врз пазарот, меѓу кои и потенцијално ослободување на нафта од стратешките резерви. Во исто време, на Индија привремено ѝ е дозволено да купи дел од руската сурова нафта што веќе е на море.

Паралелно со тоа, Саудиска Арабија ги зголеми цените на нафтата за азиските купувачи и ги пренасочи дел од пратките преку пристаништата на Црвеното Море со цел да се заобиколи Ормутскиот теснец.

Претходна вестТажна вест, почина Љупчо Бучукоски
Следна вестНови приватни снимки ја разгореа аферата со поранешната секретарка Мирјана Пајковиќ