Почина поранешниот пратеник Трпевски

1610

На социјалните мрежи, поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој долги години е на високи позиции во СДСМ, се прости од својот сопартиец, поранешен пратеник Благојче Трпевски од Гостивар.

-Денеска нè напушти нашиот другар, вистински социјалдемократ и борец за правда, Благојче Трпевски.

Ќе го паметиме како чесен човек, принципиелен политичар и искрен другар кој секогаш стоеше на страната на народот. Неговата посветеност, човечност и борба за социјалдемократските вредности ќе останат запаметени.

Изразувам искрено сочувство до неговото семејство и најблиските.

Нека му е вечна слава.

Претходна вестВИДЕО: Голем чад ги загрижи Скопјани во околината на Маџари
Следна вестДали добивте пари од МојДДВ? – Важни информации за скенирачите на фискални