Голем пожар избувна ноќеска во ресторанот „Мал одмор“ во Штип, при што е предизвикана значителна материјална штета. Според првичните информации, нема повредени лица.
На местото на настанот веднаш интервенирала Територијална противпожарна единица Штип со три противпожарни возила и 12 пожарникари, кои успеале да го локализираат огнот.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а се очекува надлежните служби дополнително да ги утврдат околностите.




