Тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница

4521

Попладнево тешка сообраќајна несреќа се случила на скопската обиколница, пренесува 24info.mk.

Според информациите, патничко возило од марката БМВ, движејќи се со голема брзина, излетало од коловозот на делницата меѓу клучката Радишани и клучката Визбегово.

Неофицијално, во несреќата тешко е повреден возачот, маж на возраст од околу 50 години.

На местото на настанот се очекува пристигнување на полициски екипи и Итна медицинска помош, додека повеќе информации за причините и здравствената состојба на повредениот се очекуваат од Министерство за внатрешни работи на Македонија.

Претходна вестТРАГЕДИЈА: Жена загина во страотна сообраќајна несреќа
Следна вестМакрон: Ќе ги браниме ОАЕ, Кувајт и Катар и ќе ја обезбедиме безбедноста на Источниот Медитеран