Тежок трагичен настан ја потресе јавноста попладнево во скопската населба Карпош, каде животот го загубија жена и малолетно дете по пад од станбена зграда.
Според првичните информации, несреќата се случила околу 14 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
Жената, на возраст од околу 45 години, и девојче на приближно 10-годишна возраст паднале од балкон на шестиот кат од објектот.
На местото веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош, кои констатирале смрт кај двете лица. Полицијата извршила увид, а надлежните институции започнале истрага со цел да се утврдат сите околности и причините за трагичниот настан.
Од надлежните засега нема официјални детали за тоа како дошло до падот, а повеќе информации се очекуваат по завршување на истражната постапка.




