Голема трагедија сподели на социјалните мрежи актерот Васил Зафирчев

5081

Нашиот познат актер Васил Зафирчев преку објава на социјалните мрежи сподели дека го загубил најважниот човек во неговиот живот – татко си.

Актерот со емотивни зборови, полни со болка, се прости од својот татко Трајче Зафиров, кој денеска почина по кратко и тешко боледување.

– Во чест на татко ми, Трајче Зафирчев, кој денес, после кратко и тешко боледување, го испративме на неговото последно патување. Денес, боли само времето непоминато со него, пропуштените мигови, неслучените прегратки и зборовите кои останале неизговорени во честите животни отсуства, заради мојата и неговата професија поврзана со патувањето.

-Сето останато е вечно сегашно време исполнето со бескрајна љубов и најубави спомени, кои засекогаш ќе живеат во моето сеќавање на него, но и во неговото наследство во мене.

До еден ден кога повторно ќе се сретнеме во вечната светлина! Среќен пат до дома татко мој! – напиша Васил покрај фотографијата од својот татко.

Претходна вестВонредно сознание на ТВ24: На Груби му се заканува ликвидација
Следна вестАлександар си ја отвори устата: Жена ми ме изневери со ученик, снимката е на сајт за возрасни