Почивај во мир Даниел: Згасна животот на младиот македонски планинар и авантурист

736

Планинарскиот клуб Македон утрово се огласи со лоша вест, нивниот член и креатор на првото лого на Титов Врв Скајрејс, младиот Даниел Деско починал по кратко боледување.

-Многу често животот не е фер. Почитувани по кратко боледување почина нашиот Даниел Деско. Човекот кој беше дел од клубот уште од првите години на неговото формирање.

Деско беше човек кој ги сакаше и живееше планините, планинареше, трчаше, скијаше, леташе со параглајдери. Креаторот на првото лого на Титов Врв скајрејс, човекот кој безброј пати волонтирал и помагал за секакви активности не само на клубот Македон, туку и целата заедница, соопштија од клубот.

Додаваат дека веруваат дека Деско се вивнал во височините и дека и таму продолжува скромно и достинствено, како и додека бил помеѓу нив.

Погребот ќе биде во сабота на гробиштата во Битола црква св. Петар и Павле од 12часот.

Претходна вестГолема трагедија ја потресе Македонија – студентите го загубија најдобриот професор