Голема трагедија ја потресе Македонија – студентите го загубија најдобриот професор

3301

Американскиот универзитет на Европа – ФОН ја сподели тажната вест за смртта на нивниот професор, д-р Самир Салиевски.

Од Универзитетот велат дека Салиевски бил ценет колега и значаен дел од академската заедница, кој со својата стручност, посветеност и професионален ангажман оставил траен белег и дал значаен придонес во развојот на високото образование.

„Неговата професионалност, интегритет и човечност ќе останат во сеќавањата на колегите, студентите и сите кои имаа чест да соработуваат со него. Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, блиските и пријателите. Нека почива во мир, а неговото дело нека продолжи да живее“, соопштија од Американскиот универзитет на Европа – ФОН.

Сефер Цаноски пак напиша:

Последен поздрав, драг мој Самире.

Иако се бореше со тешка болест, твојата лојалност и храброст ја покажуваше на дело и до последен момент не пропушташе ни предавања ни испити, ниту пак наставно научните совети со твоите колеги.

Тоа зборува за твојот карактер и за тоа каков човек и професор беше.

Водевме многу битки заедно, но ја загуби најтешката.

Студентите го загубија најдобриот професор.

Јас загубив драг пријател.

Ќе ни фалиш.

Нека Алах ти подари Џенет, а на твоите најблиски трпение и сабр.

Претходна вестУтре никако не правете го ова – една грешка ги отвора портите за демоните