Тажна вест: Почина познатата македонска пејачка

3171

На 87-годишна возраст, во Гостивар почина Костадинка Ѓорѓиоска Палазова. Жалната вест ја соопшти нејзиното семејство, потврдувајќи дека таа синоќа (28 јануари 2026 година) починала по кратко боледување во Гостивар, каде што живееше постојано.

Палазова беше позната како доајен на македонската народна песна. Во текот на кариерата, соработуваше со значајни композитори и продукциски куќи, а остави богат музички опус од над 300 снимени народни песни, претежно со тематска врска со егејскиот крај.

Со своето творештво, Палазова се вбројува меѓу македонските автори и пејачи со завидна артистичка кариера.

Костадинка Палазова е родена во кукушкото село Сехово во 1939 година. Како жртва на егзодусот на Македонците од Грција, се населила во Гостивар. Работниот век го поминала како просветен работник, а речиси една деценија живеела и работела во Швајцарија.

Претходна вестНАЈНОВА ВЕСТ: Страшни снимки се шират на социјалните мрежи – има загинати по вечерашниот напад врз патнички воз кај Харков
Следна вестСтраотни сцени од лице место: Страшен судир помеѓу трактор, комбе и автомобил