Борче од „Донирај Компјутер“ распали: Одговор за сите кои му кажуваат како да раководи со проектот

779

Борче Стаменов од „Донирај Компјутер“ со фејсбук статус вечерва објасни некои работи.

-Имав еден одговор кон оние шо не разбираат што работам кој го напишав пред месец дена после нападите на твитер. Некој ќе рече “искомплексирано говедо”, ја ќе речам “аман од луѓе кои ми се серат на трудот и не прочитале ни два реда за иницијативата”. Па еве го и ова е последно “правдање”:

НЕМАТЕ апсолутно никакво право да ми попувате како да ја раководам #ДонирајКомпјутер. Низ овие 2 раце за 9 години ми поминале над 7-7500 уреди кои компании и граѓани ми ги донирале затоа што сум ја добил нивната доверба и сите знаат каде отишле нивните донации до последно штрафче.

Секој од тие компјутери лично сум го допрел и сум пробал да го поправам. Скоро 4000 до денес успешно. Отпадот прописно одложен во компанија која се занимава со тоа, со записници и документи. Преку практична настава сум оспособил над 50-70 ученика да поправаат компјутери. Имам над 70 награди, признанија и благодарници од граѓани и хуманитарни организации од Македонија и Европа со кои имам соработка и се доказ за мојата работа, искреност и транспарентност.

Имам над 30 цртежи од дечиња кои од нас добиле уред и на тој начин се заблагодариле. Носител сум на 2 Државни награди и мојата иницијатива е спомната во издание кое го издава Европската комисија како успешна приказна од Македонија. Прогласен сум за Европеец на годината. Кај мене во Кавадарци биле новинари од повеќе европски држави да ја пренесат приказната на нивните гледачи и читатели. Едно нешто на кое не сум носител или добитник се било каков грант или финасиска поддршка од државата.

Тоа право да кажувате како да работам ќе го добиете кога ќе имате подолг “стаж” од мене или ќе направите нешто поголемо. А доколку ви фалат внимание или следбеници, пробајте да ги добиете на друг начин. А ако си имате друг проблем во главата, за тоа мислам дека постојат доктори. Дали ми треба нечија дозвола да се фалам со моите донации и постигнувања и мојот начин на функционирање? Ама ич!, напиша тој

Претходна вестМаж и жена пронајдени мртви во два одделни случаи во Македонија
Следна вестМерка за поздравување: Општината доделува 20.000 денари доколку склучите нов брак