Тажна вест вечерва: Почина познатата пејачка со чии хитови уживаше цел Балкан

4262

Почина српската пејачка Сенка Велетанлиќ, која на македонската јавност ѝ беше позната и како сопруга на реномираниот пејач и актер Зафир Хаџиманов. Таа почина на 89-годишна возраст по тешко боледување, а веста за нејзината смрт ја соопшти нејзиниот син, музичарот Васил Хаџиманов.

„Утрово нè напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама“, напиша Васил Хаџиманов.

Сенка Велетанлиќ е родена во Загреб, а својата музичка кариера ја започнала како членка на хорот на КУД „Јожа Влаховиќ“. Првиот голем успех го постигнала во 1960 година на Опатискиот фестивал со песната „Ноќ без ѕвезда“, со што се вброи меѓу најзначајните имиња на шлагер-сцената во шеесеттите години. Публиката ја памети по елегантниот стил и длабоката емоција во интерпретацијата.

Во средината на шеесеттите години стапила во брак со Зафир Хаџиманов, со кого во 1967 година одржала заеднички рецитал во театарот „Атеље 212“ во Белград, настан кој остана запаметен како важен момент во музичката и телевизиската историја на регионот. Од нивниот брак го имаат синот Васил Хаџиманов, еден од најистакнатите џез-музичари на овие простори. објави Скопје1.мк

Претходна вестБомба на големиот празник: Познат министер поднесе оставка
Следна вестМаж и жена пронајдени мртви во два одделни случаи во Македонија