ФОТО: И тоа се случи во Македонија – актуелен градоначалник скокна во водите по светиот крст

285

Во духот на вековната православна традиција, денес во Крива Паланка беше одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици. Според верувањето, на овој ден се осветуваат водите и се симболизира Христовото крштевање во реката Јордан, носејќи здравје, благослов и духовна сила за верниците.

По тој повод, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, се фрли по светиот крст во водите на Крива Река, испраќајќи силна порака за вера, заедништво и почит кон православните обичаи. Чинот е симбол на духовна чистота, обновување и нераскинлива врска меѓу традицијата, локалната самоуправа и народот.

Во студените води на Крива Река, градоначалникот Митовски уште еднаш покажа дека вистинските вредности се чуваат и потврдуваат со дела. Настанот го следеа голем број граѓани и верници, кои со аплауз и поддршка ја споделија празничната радост, а присуството на градоначалникот ја нагласи блискоста и довербата што Општината ја гради со своите жители.

По фрлањето на светиот крст, Општина Крива Паланка организираше заедничка празнична прослава. За присутните беа бесплатно поделени над 4.000 порции пивтија, топли пијалоци и скара на жар, а беше организирана и музичка програма. Настапот на Ленче Кукиќ внесе радост и автентичен народен дух во празничниот ден.

„Нека светите води ни донесат здравје, мир и благосостојба во секој дом“, порача градоначалникот Сашко Митовски.

Крива Паланка и годинава го одбележа празникот Водици достоинствено, со вера, традиција и заедништво.

Претходна вест(ВИДЕО) Водици 2026 во струмичко: Крстот пропаднал во земја – се бара со лопати
Следна вестБомба на големиот празник: Познат министер поднесе оставка