Медиумите од регионот јавуваат: Еве каде се наоѓа Артан Груби

98

Косовската новинска агенција „КосоваПрес“ објави дека нејзин извор тврди оти во средата попладне, на 7 јануари 2026 година, го видел поранешниот прв вицепремиер на Северна Македонија, Артан Груби, во Приштина.

Според тврдењето, тој се движел во зона недалеку од центарот на косовската престолнина, во придружба на две деца, облечен во зимска јакна и спортска облека, со капа и пуштена брада.

Во истиот текст „КосоваПрес“ нагласува дека до моментот на објавата „официјално нема информација“ за неговата локација, што практично значи дека написот се темели на изјава на анонимен извор, без институционална потврда од надлежните служби во Косово или во Северна Македонија.

Груби е предмет на истраги и мерки во Северна Македонија од декември 2024 година, кога Министерството за внатрешни работи издаде меѓународни потерници за него и за поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, по сомневања за злоупотреби поврзани со работењето на Лотаријата и штета проценета на околу 8 милиони евра.

Претходна вестИсчезна жена во Скопје – важно е да се реагира брзо
Следна вестВИДЕО: Огромен пожар зафати објект на фабриката „Комодита“