Уште една катастрофа во Новата година во Македонија: Автомобил се преврте и заврши во река – на терен полицијата, пожарникари и Брза помош

3115

Сообраќајна незгода со пад на возило во реката Радика е пријавена денеска попладне во близина на Манастир Св. Јован Бигорски.

Како што информира Центар за управување со кризи, пријавата до дежурниот центар Е-112 во Охрид била примена во 15:48 часот. Според првичните информации од пријавителот, возилото се движело со зголемена брзина, при што возачот изгубил контрола, возилото неколкупати се лизнало и се превртело, по што завршило во коритото на реката, на делницата по манастирот.

По добиената дојава, Регионалниот центар за управување со кризи од Тетово воспоставил контакт со пријавителот и ги известил надлежните служби. Полициски службеници од Полициска станица Ростуше веднаш излегле на местото на настанот, заедно со командирот на станицата и полициска екипа.

Во интервенцијата се вклучила и Територијалната противпожарна единица Гостивар, која испратила екипа со две противпожарни возила и четворица пожарникари. На терен е излезена и екипа на Итната медицинска помош од Ростуше.

Во моментов се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на околностите под кои дошло до сообраќајната незгода.

Претходна вестПребарани се сите болници во Швајцарија: Нема трага од Стивен, сега семејството се надева на добри вести од болници во Франција и Италија
Следна вестРазлични изјави по пожарот во Швајцарија: Сопственикот тврди едно, властите со сосема различни тврдења