(Видео) Љупка Митрова го извади корсетот во живо среде подкаст

3937

Корсетот изваден во живо среде подкаст. Бидејќи ѝ било жешко, по што остана без облека.

Сергеј Варошлија, кој во јавноста е препознатлив како водител на подкастот на Лазаров, сè почесто привлекува внимание со содржини што комбинираат опуштен разговор, спонтани моменти и неочекувани ситуации во живо. Неговиот стил на водење придонесе подкастот да стане интересен за пошироката публика, особено поради директната комуникација со гостите.

Во една од поновите епизоди, гостинка во подкастот беше Љупка Митрова. Инфлуенсерката и сопственичка на модно студио, Љупка Митрова, често привлекува внимание со својот изглед, но и со животниот стил на висока нога, кој го споделува со следбениците на социјалните мрежи.

Нејзиното гостување предизвика голем интерес, особено поради една спонтана и несекојдневна ситуација во студиото. За време на разговорот, Љупка сподели дека се чувствува непријатно поради топлината во просторијата, при што во шега и со доза на двоумење му се обрати на Сергеј дека ѝ е незгодно да објасни што точно ѝ пречи.

По кратка размена на зборови, таа објасни дека носи корсет и дека ѝ е непријатно, по што реши да го извади во текот на емисијата. Водителот Сергеј Варошлија, видно изненаден од ситуацијата, ѝ ја понуди својата јакна за да ѝ биде поудобно.

Токму ваквиот спонтан момент предизвика бројни реакции и коментари на социјалните мрежи, каде гледачите ја оценија ситуацијата како неочекувана, но и решена со почит и културна комуникација.

Видеото гледајте го со клик ТУКА.

Претходна вестЈована Тренчевска и Александар Трајановски нови потпретседатели на СДСМ
Следна вестВенко Филипче ги објави имињата на дел од новото раководство на СДСМ – има големи изненадувања