Ново апсење во Македонија: Што се случува? Уапсена уште една позната пејачка

2449

Вакво нешто Македонија не памети од 91-ва година наваму. Се апси, ама се апсат пејачи. Ова е навистина до овој момент невидено.

Сите детали прочитајте ги во продолжение.

Познатата пејачка Џејла Рамовиќ од БиХ била приведена во акциска контрола во Кичево, заедно со нејзиниот бенд, откако полицијата открила дека настапувале без соодветна работна дозвола.

На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат,

врз база на претходно изготвен план, е спроведена засилена акциска контрола во угостителски објекти во Кичево.

При тоа, при контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, затекнати се Џ.Р.(23), како пејачка и К.Џ.(27), Е.П.(25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), како членови на музички бенд, сите од Босна и Херцеговина, кои вршеле работа без претходно обезбедување на соодветна работна дозвола, со што сториле прекршок по член.23 став.3 од Законот за странци („Службен весник на РМ.„ Бр. 97/2018 и 108/2019), казнив според член 217, став 1, точка 2, од истиот закон, за што им е поднесена прекршочна пријава до Основен суд Кичево.

Претходна вестКОЈ КАКО НИВ: Овие пензионери ќе добијат новогодишен бонус
Следна вест(ФОТО) Пратеник си ја отвори душата: Денес во Скопје добив три опомени од „Сејф сити“ – има порака до МВР