(ФОТО) Теа Таировиќ се расплака при пеење на песна од Тоше, а потоа кажа: Чувајте ми ја Македонија

4276

Синоќа во Скопје, во арената „Борис Трајковски“ концерт одржа Теа Таировиќ. Иако првично се појавија снимки од салата, каде има огромен број на празни седишта, истите подоцна беа делумно исполнети.

Таировиќ уште еднаш покажа стил, покажа дека знае како се прави ултра голем концерт и ги забавуваше сите прусутни максимално и до крај. Неколкупати го промени и дрес кодот, а секој беше подобар и поубав од претходниот.

Еден момент беше посебно емотивен на концертот во „Борис Трајковски“.

Таировиќ испеа песна од нашиот Тоше Проески, „Боже чувај ја од зло“ на српски, јазик, а при крајот на изведбата таа се расплака.

Во тој момент, пејачката за момент замолче, по што доби громогласна поддршка од публиката со извиците.. Теа, Теа, Теа…

На крајот, само кажа: Чувајте се и чувајте ми ја Македонија.

Целото видео погледнете го со клик ОВДЕ.

Претходна вестСрпската пејачка го извади македонското знаме на грбот – ја пееше „Македонско девојче“
Следна вестУжасни вести од Турција: Тројца туристи починаа – откако се затруле од храната во хотелот, се врши детална истрага