Српската пејачка го извади македонското знаме на грбот – ја пееше „Македонско девојче“

6037

Полупразните трибини на арената „Борис Трајковски“ вечерва предизвикаа големо внимание на социјалните мрежи, не поради спектакуларна изведба, туку поради самата атмосфера која изненади многумина.

Српската пејачка Теа Таировиќ требаше да има концерт за паметење, но сите ќе зборуваат за нешто друго. За слабата посетеност.

Ова се должи и на фактот што Таировиќ пред одреден период пееше песни со знамиња од други држави, кои наидоа на одбивност кај македонската публика.

Свесна дека погрешила во минатото, Теа се обиде да се извади вечерва со еден интересен потег.

Во еден момент, таа го извади македонското знаме на сцената и го стави на својот грб.

Потоа започна со пеење на песната: „Македонско девојче“.

Концетот и натаму трае, а додека оваа песна беше во тек, атмосферата беше прекрасна.

Претходна вест(ФОТО) Никој не очекуваше, катастрофална посета на една од најпознатите српски пејачки
Следна вест(ФОТО) Теа Таировиќ се расплака при пеење на песна од Тоше, а потоа кажа: Чувајте ми ја Македонија