Голем удар за земјоделците во Македонија: Остануваат без 120.000.000 евра

1543

Министерството за финансии денеска преку соопштение до медиумите потврди дека се прекинати исплатите на средствата од ИПАРД програмата.

„РС Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата“, се вели во соопштението.

Од Министерството за финансии додаваат дека ваквата одлука „следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој“, како и дека за ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на Националните структури.

„Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција“, велат од Министерството, додавајќи дека во моментот Националните структури за управување на средства од ИПА/ИПАРД инструментот веќе превземаат дополнителни мерки и активности поврзани со актуелните случувања.

Македонија од Европската комисија уште од 2009 година го има добиено правото за децентрализирано управување со средствата од ИПА/ИПАРД инструментот.

Претходна вестТрагедија ја потресе Македонија: почина 37-годишната Елена Ѓорѓиевска, мајка на две деца – семејството тврди дека ја знае причината
Следна вестНевреме во Македонија: Водата носи сè пред себе во овој град – реки низ улиците