Ѓоковиќ ја освои Атина и 101-от турнир во својата кариера

161

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ забележа победа во финалето на АТП 250 турнирот во Атина откако го совлада Лоренцо Мусети од Италија со 2:1 во сетови по три часа игра. Ова за Ѓоковиќ е 101-турнирска победа и сега е на чекор зад Рожер Федерер со 103 и Џими Конорс, кој има 109.

Финалето на почна како што посакуваше Ѓоковиќ, откако ривалот го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Но, српскиот тенисер го освои вториот сет со 6:3.

Во решавачкиот сет српскиот тенисер имаше предност. Прво направи брејк за водство до 2:1 во гемови, но Мусети изедначи на 3:3. Во следниот гем нов брејк за Ѓоковиќ и водство од 4:3. Но, кога сервираше за меч италијанскиот тенисер изедначи на 5:5. Следуваше нов брејк на Ѓоковиќ во 11.тиот гем за 6:5 откако ја искористи четвртата брејк-топка. Во следниот гем на свој сервис без загубен поен ја искористи меч топката за конечни 7:5 во третиот сет.

За Мусети поразот во финалето значи дека нема да учествува на завршниот Мастерс што почнува утре во Торино.

Претходна вестРадовишанка обвинета за лажно пријавување бомба во основно училиште
Следна вестТрагична полициска потера: Шест лица загинаа откако „Шкода“ со брзина од 150 км/ч излета во езеро во Бугарија