Голема тага во Македонија, се огласи и градоначалникот Јанчев: Нека им е вечна слава на починатите

2221

Македонија завиена во тага и неверување. Искрено сочувство до фамилијата упати и градоначалникот.

Во трагичниот момент по сообраќајната несреќа која се случи на патниот правец Плетвар – Кавадарци, каде животот го загубија повеќе лица од село Дреново, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, изрази длабоко сочувство и солидарност со семејствата на настраданите.

„Во мое лично име и во име на Општина Кавадарци, изразувам длабоко сочувство до семејствата и најблиските на загинатите лица од с. Дреново, кои настрадаа во тешката сообраќајна несреќа.

-Во овие тешки моменти, сакаме да знаете дека како општина стоиме целосно на располагање за сè што ќе биде потребно, денес и понатаму. Тука сме за поддршка и помош за семејствата и нивните поколенија“, изјави Јанчев.

Градоначалникот нагласи дека Општината ќе продолжи да биде поддршка за семејствата на загинатите и повредените во несреќата.

Паралелно, исто така им посака брзо и целосно закрепнување на повредените лица, кои се на лекување на Клиниката за анестезија и реанимација во Скопје (КАРИЛ).

„На повредените и хоспитализираните лица на КАРИЛ им посакуваме целосно и што побрзо закрепнување. Во постојан контакт сме со семејствата на повредените, како и со клиниката, и ќе продолжиме да бидеме поддршка во секој чекор“, додаде градоначалникот.

Јанчев исто така ги изрази своите сочувства и социјална поддршка за семејствата кои се соочуваат со оваа голема трагедија. На крајот, градоначалникот кажа вечна слава на починатите и сила на нивните најблиски во овие тешки моменти.

Претходна вестФОТО: Ова е 25-годишната девојка која синоќа беше пронајдена мртва во Тетово
Следна вестСе апси низ Скопје: Директор фатен како прима поткуп – парите биле обележани, полицијата веднаш го приведе