Првата победа за екипата на Денвер во новата сезона во НБА беше „заверена“ со нов „трипл-дабл“ на нивниот прв играч Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар натпреварот го заврши со 14 поени, 14 скокови и 15 асистенции, а на теренот беше 32 минути. Тој имаше и најмногу украдени топки – 3 и најмногу загубени топки-5 во својата екипа.
Ова беше негов втор „трипл-дабл“ на двата први натпревара.
Одлична помош Јокиќ имаше и во соиграчите бидејќи двоцифрен број поени постигнаа уште: Кем Џонсон 15 поени, Ерон Гордон 17, Кристијан Браун 20 и Џамал Мареј 23.
Резултати: Орландо – Чикаго 98:110, Атланта – Оклахома Сити 100:117, Филаделфија – Шарлот 125:121 и Мемфис – Индијана 128:103.



